СТРУЧЕН СОБИР: ПРОГРАМИ ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ СТУДИИ И НИВНИТЕ ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

 

Ангелка ВЕЛКОСКА

Филозофски факултет
Институтот за дефектологија

 

VOCATIONAL MEETING: PROGRAMS FOR INTERNATIONALIZATION OF UNIVERSITY’S STUDIES AND ITS POSITIVE EFFECTS ON THE QUALITY
OF THE EDUCATION

 

Angelka VELKOSKA

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

 

Примено: 17. 12. 2009
Прифатено: 16. 01. 2010
UDK: 379.4(497.7:450)

 

 

 

Received: 17. 12. 2009
Accepted: 16. 01. 2010

На 4 и 5 декември 2009 година на Филозофскиот факултет во Скопје во организација на Институтите за дефектологија, психологија и педагогија од една страна, како и Факултетот за психологија при Универзитетот „Sapienza“ во Рим од друга страна се одржа Стручен собир кој беше посветен на петгодишното искуство од студиските размени и мобилноста помеѓу овие два факултети и универзитети.
Како почесни гости на Собирот присуствуваа ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Велимир Стојковски и деканот на Филозофски факултет проф. д-р Горан Ајдински, кој во 2003 година беше еден од иницијаторите за отпочнување на оваа соработка.
На Собирот имаше учесници, професори и студенти од Македонија, Италија и Србија. Првиот ден беше наменет за презентација на трудовите од професорите кои на било каков начин учествувале во процесот на интернационализација и мобилност на универзитетските студии во изминатиот период. Претставници од Филозофскиот факултет беа: доц. д-р Зоран Киткањ, доц. д-р Наташа Чичевска-Јованова, доц. д-р Даниела Димитрова Радојичиќ, проф. д-р Лена Дамовска, проф. д-р Михајло Поповски и проф. д-р Трајан Гоцевски. Вториот ден од Собирот беше наменет за презентации на студентите кои преку своите извештаи го истакнаа своето искуство од студиските престои во други земји, од одржаните предавања, работилници и истражувања во практиката. Во овој дел свои презентации имаа и претставниците од Р. Македонија, кои во периодот на своето студирање биле на студиска размена на Универзитетот „Sapienza“ во Рим. 
Стручниот собир беше едно резиме од досегашната успешна соработка помеѓу овие два универзитети. Фокусот беше ставен на позитивните ефекти на меѓународното образование кое се состои од размена на наставен кадар, студенти, материјали за образование и истражување. Прифаќањето на интернационализацијата станува глобален тренд кој е неопходен дел за збогатување на универзитетското образование од една страна и развојот на науката од друга страна.

 

On December 4th and 5th, 2009, the Faculty of Philosophy held a vocational meeting devoted to the five-year experience of learning exchanges and mobility between Psychology and Pedagogy and Faculty of Psychology at the University "Sapieza" in Rome, in organization with the Institute for Special Education and Rehabilitation in Skopje.
The honorary guests were Prof. Dr. Velimir Stojkovski, the rector of Ss. Cyril and Methodius University, and the Dean of the Faculty of Philosophy Prof. Dr. Goran Ajdinski, who was one of the first to initiate this international exchange of university studies in 2003. Participants of the vocational meeting were both professors and students from universities out of Macedonia, Italy, and Serbia. The first day was dedicated to the presentation of works by professors who participated in this process of internationalization and mobility of university studies in the previous period. Representatives from the Faculty of Philosophy were: Dr. Zoran Kitkanj, Dr. Daniela Dimitrova-Radojichikj, Dr. Natasha Chichevska-Jovanova, Prof. Dr. Lena Damovski, Prof. Dr. Mihajlo Popovski, and Prof. Dr. Trajan Gocevski. Throughout the second day of the event students presented reports on their experience studying abroad, gave lectures, workshops, and showed their research in practice. For this there were interpreters from the Republic of Macedonia who studied abroad as part of the student exchange project at the University "Sapienza" in Rome.
This vocational meeting summarized the successful cooperation between these two universities from the past. The focus was on the positive effects of international education, involving the international movement of staff, students, education materials, and research. Acceptance of internationalization is part of a global trend that plays a necessary role in the enrichment of university education on one hand, and the development of science on the other.

 

 

Адреса за кореспонденција:

 

 

Coresponding Address:

Ангелка ВЕЛКОСКА

 

Angelka VELKOSKA

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
Крсте Мисирков бб, 1000 Скопје
Република Македонија
e-mail: angelka_v@yahoo.com

 

“Ss Cyril and Methodius” University
Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation
Krste Misirkov bb, 1000 Skopje
Republic of Macedonia
e-mail: angelka_v@yahoo.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in