JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 20665
ДЕКЛАРАЦИЈА
Борислав БАТИЌ
Претседател на Националното коордативното тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ |
| DECLARATION
Borislav BATIKJ
President of the National Coordinative Body For equal rights of people with disabilities |
|
|
|
Од 17 до 18 декември 2007 година во Собранието на Република Македонија се одржа Конференција од земјите на Југоисточна Европа на тема: Искуства од реализацијата на националните стратегии за изеднaчување на правата на лицата со инвалидност со коментар за нивното спроведување. На конференцијата зедоа учество: Република Македонија, Република Албанија, Република Бугарија, Република Црна Гора, Република Словенија и Република Србија. Беше најавено присуство од Република Хрватска и Република Романија, но од објективни причини не можеа да присуствуваат. На конференцијата учествуваа претставници на Националниот совет од сите инвалидски организации, Министерот за труд и социјална политика г-н Љупчо Мешков, Претседавачот на интерпарламентарната лоби група од Собранието на РМ г-н Ратко Димитровски и Амбасадорот на Европската комисија во Македонија г-н Ерван Фуере. Воведно излагање на Конференцијата за искуствата од реализацијата на Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност со коментар за нејзиното спроведување во РМ даде г-н Боге Чадиновски, член на Координативното тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Република Македонија. |
| The Conference of the countries of South-Eastern Europe on Experience from carrying out the National strategies for equal rights of people with disabilities and comments on their realization was held from 17 to 18 December 2008 at the Assembly of the Republic of Macedonia. The following countries participatedat the Conference: the Republic of Macedonia, Republic of Albania, Republic of Bulgaria, Republic of Montenegro, Republic of Slovenia and the Republic of Serbia. Due to objective reasons, the Republic of Croatia and the Republic of Romania could not participate at the Conference, even though they had announced their participation. Representatives of the National Council of all People with Disabilities Organizations participated at the Conference as well as the Minister of Labor and Social Policy, Mr. Ljupcho Meshkov, the president of the Inter-parliamentary Group of the Assembly of the Republic of Macedonia, Mr. Ratko Dimitrovski and the ambassador of the European Commission in the Republic of Macedonia, Mr. Ervan Fuere. The introductory presentation at The Conference on the experiences of the realization of the National Strategy for equal rights of people with disabilities with comments on its realization was given by Boge Chadinovski, a member of the National Coordinative Body for equal rights of people with disabilities of the Republic of Macedonia. |
Потоа претставниците од земјите учеснички ги презентираа искуствата од реализацијата на националните стратегии по ова прашање. На Конференцијата беа презентирани и следните излагања: Процес на деинституционализација на лицата со инвалидност во Република Македонија од г-ѓа Слободанка Лазова-Здравковска, Социјалната сигурност на лицата со инвалидност во РМ од проф. д-р Љупчо Ајдински, Бариери-моментална состојба и препораки за нивно надминување од Бранимир Јовановски, претседател на Федерацијата за спорт на инвалидите на РМ и Вработувањето на лицата со инвалидност во РМ од Љупчо Ефренов, професор-дефектолог, секретар на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност. Претставниците на земјите од Југоисточна Европа, учеснички на Конференцијата (Република Македонија, Република Албанија, Република Бугарија, Република Црна Гора, Република Словенија и Република Србија) одржана на 17 и 18 декември 2007 год. се договорија да се донесе следната: |
| Then the representatives of the participant countries presented their experience of the realization of their national strategies on this matter. The following papers were presented at the Conference: Process of Deinstitutionalization of People with Disability in the Republic of Macedonia, by Slobodanka Lazova-Zdravkovska, Social Security of People with Disabilities, by Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski,Barriers-Current Conditions and Recommendations for Overcoming Them, by Branimir Jovanovski, the president of the Federation of Sport of the People with Disabilities in RM, and Employment of People with Disabilities in RM, by Ljupcho Efremov, special educator and the secretary of the National Coorrdinative Body for equal rights of people with disabilities. The representatives of the South-Eastern European countries, participants at the Conference (Republic of Macedonia, Republic of Albania, Republic of Bulgaria, Republic of Montenegro, Republic of Slovenia and Republic of Serbia) held on 17-18 December 2007 agreed upon adopting the following: |
|
|
|
ДЕКЛАРАЦИЈА |
| DECLARATION |
|
|
|
1. Учесниците констатираа дека е потребно во земјите учеснички на Конференцијата да се донесе Национална стратегија за правата на лицата со инвалидност и нејзина целосна имплементација каде што Владите ја имаат донесено, а во земјите каде што не е донесена треба да се забрза процесот на нејзиното донесување. 2. Потребно е целосно вклучување на претставници на лицата со инвалидност во сите области при донесување закони и подзаконски акти кои се однесуваат на истите. 3. Имплементација на меѓународните документи кои се однесуваат на правата на лицата со инвалидност, а особено потпишување и спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност донесена од Генералното собрание на ОН на 13.12.2006 година. 4. Земјите учеснички на Конференцијата ја согледоа потребата од преиспитување на одредбите од законските прописи (таму каде е потребно) од образованието, социјалната заштита, вработувањето, културата и другите сфери, со што ќе се обезбеди: · достапност на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби во предучилишното, основното, средното и високото образование, но со претходно стручно согледување за начинот и времето на вклучувањето; · обезбедување достапност до информации на лицата со инвалидност со создавање услови за достапност до помагала за физички и комуникативен пристап до сите можни информации и други бариери за да се обезбеди целосна социјална интеграцијa. 5. Се упатува на потребата да се продолжи со започнатиот процес на деинституционализација за поголем прифат на лицата со инвалидност во сопствено семејство, друго семејство или создавање мали групни домови и соби за домување со претходно обезбедена финансиска поддршка и социјална сигурност од сите аспекти од страна на државата. 6. Да се обезбеди создавање услови за достапност на инвалидните лица до сите културни, религиозни, музички, рекреативни и спортски објекти за да им се обезбеди културно-забавна, рекреативна и спортска активност и можност за нивно доброволно религиозно определување за да дојдат до израз нивните можности, способности и желби, бидејќи тие тоа го можат. 7. Учесниците на Конференцијата се договорија по можност на секои 2 години да се организираат средби со претставници на Националните координативни тела од земјите на Југоисточна Европа. |
| 1. The participants agreed upon the need for adopting a National Strategy on the rights of people with disabilities in the participant countries at the Conference and its implementation in the countries in which their Governments had brought it, and fastening the process of its adopting in the countries in which it had not been brought. 2. Active participation of the representatives of people with disabilities to be provided in all areas when adopting laws or sub-laws related to people with disabilities. 3. Implementation of the international documents related to the rights of people with disabilities, i.e. signing, ratification and implementation of the Convention on the Rights of People with Disabilities, adopted by the UN General Assembly on 13 December 2006. 4. The participant countries at the Conference realized the necessity of revising the provisions of the legal regulations on Education, Social Care, Culture and other spheres in order to provide: · Acceptance of children with developmental problems and special education needs in pre-school, primary, secondary and higher education with professional coordination on the way and the time of inclusion in the regular system; · Accessibility to information for people with invalidity by aids for physical and communicative approach and enable their social integration. 5. They recommended that the process of deinstitutionalization should continue with enhanced acceptance of people with disabilities in their biological families, foster families or creating small group homes and flats for housing, with previously provided financial support as well as social security from the State. 6. Conditions for accessibility of people with disabilities to cultural, musical, recreational and sport centers have to be provided in order to enable them cultural, entertaining, recreational and sport activities, as well as possibilities for their freely expressed religious belief, aiming to express their abilities, possibilities and wishes-because they can do it. 7. The participants at the Conference agreed upon organizing conferences with the representatives of the National Coordinative Bodies from South-Eastern European countries every second year. |
|
Adresa za separatite: |
| Address requests for reprint to: |
Борислав БАТИЌ |
| Borislav BATIKJ |
„11 Октомври“ 42/а 1000 Скопје, Република Македонија |
| “11 Oktomvri” 42/а 1000 Skopje, Republic of Macedonia |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE