ОДРЖАН ФОРУМ НА СЕРВИСНИТЕ СЛУЖБИ

 

Јасмина ИВАНОВСКА

ПОУ „Иднина“-Скопје

 

 

SERVICE PROVIDERS FORUM

 

Jasmina IVANOVSKA

POU "Idnina"-Skopje

 

 

 

На 16 и 17 ноември 2006 година на Филозофскиот факултет беше одржан форум на сервисните служби во организација на Македонското научно здружение за аутизам и Европската асоцијација на обезбедувачи на услуги за лицата со пречки во развојот на кој беа поканети сите директори на установите за лица со пречки во развојот во Република Македонија и дел од невладиниот сектор. Главна цел на семинарот беше учесниците да добијат подобар увид во различните можности на финансирање од Европската унија и Европското законодавство.
Форумот го отвори и со него раководеше претседателот на МНЗА доц. д-р Владимир Трајковски. Официјално добредојде на присутните им посакаа деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Трајан Гоцевски и г-ѓа Carmen Duarte-потпретседател на EASPD. Како предавачи учествуваа г-н Jelle Reynaert (EASPD), г-ѓа Carmen Duarte-потпретседател на EASPD,
г-ца Katrijn Dekoninck (EASPD), проф. д-р Љупчо Ајдински-почесен претседател на МНЗА и г-н Владо Крстовски од центарот „Порака“. Г-н Jelle Reynaert (EASPD) присутните ги запозна со структурите на ЕУ и Советот на Европа и со содржината на Европското законодавство за лицата со пречки во развојот во различните земји членки и кандидати за Европската унија. Запознавање со европските буџетни програми и буџетските права, начините на финансирање на социјалните услужни сервиси за лицата со пречки во развојот и за насоките на организација на проекти, беше задача на г-ца Katrijn Dekoninck (EASPD). За дополнителните вредности на меѓусебното поврзување на услужните сервиси и за начините на соработка со авторитетните институции зборуваше  г-ѓа Carmen Duarte.
Почесниот претседател на МНЗА проф. д-р Љупчо Ајдински присутните ги запозна со социјално услужните сервиси во Македонија: законските рамки, искуства и проблеми.
Беа дискутирани голем број прашања и проблеми, беше организирана и работа во групи, а од сето тоа произлегоа голем број идеи меѓу кои е и идејата за отворање МАСПД-асоцијација на македонски сервисни служби, нешто слично на тоа што ЕАСПД претставува за Европа.
Ова беше само првата половина од форумот. Втората средба ќе биде во месец март во 2007 година кога се планира да се преземат поконкретни чекори за идни заеднички проекти со ЕАСПД.

 

A Forum on Service Providers was held on November 16th  and 17th , 2006 at the Faculty of Philosophy organized by Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA) and the European Association of Service Providers for People with Disabilities (EASPD). Managers of service providers for people with disabilities and NGO's in the Republic of Macedonia were invited to the forum. The main aim of the Forum was to inform the participants about different funding opportunities from the European Union and the European legislation.
The Forum was opened and directed by the president of MSSA Ass. Prof. Dr. Vladimir Trajkovski. The Dean of the Faculty of Philosophy Prof. Dr. Trajan Gocevski and Ms Carmen Duarte-Vice President of EASPD held the official welcome speeches. Participants as lecturers were Mr. Jelle Reynaert (EASPD), Ms Carmen Duarte (Vice President of EASPD), Ms Katrijn Dekoninck (EASPD), Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski the honour president of MSSA and Mr. Vlado Krstovski from the center "Poraka". Mr Jelle Reynaert (EASPD) informed the participants about the structures of the European Union and the Council of Europe and the impact of the European legislation on the disability field in different member states and accessing countries. The information about EU budgetary programmes and budget lines, fund raising for social service providers' and courses on project management was given by Ms Katrijn Dekoninck (EASPD). Ms Carmen Duarte talked about additional values of networking among service providers and stakeholder cooperation. Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski-the honour president of MSSA informed the participants with social service providers in Macedonia: legal framework, challenges and concerns.
A lot of problems and questions were discussed and workshops were held. From all of that, huge numbers of ideas were developed among which was the idea for opening MASPD (Macedonian Association of Service Providers for People with Disabilities) which would be similar as EASPD for Europe.
This was only the first half of platform. The second meeting is planned for March 2007 with more concrete steps and projects with EASPD.

 

   

Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

Јасмина ИВАНОВСКА

 

Јасмина ИВАНОВСКА

ПОУ „Иднина“-Скопје
II Македонска бригада бб Скопје
jasminaiva@gmail.com

 

POU "Idnina"-Skopje
II Makedonska brigada bb Skopje
jasminaiva@gmail.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in