МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
СОВРЕМЕНИ АСПЕКТИ НА
СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА И
РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

Ирена НОВАЧЕСКА

Студент на постдипломски студии
Филозофски факултет
Институт за дефектологијa
Скопје, Р. Македонија

 

INTERNATIONAL CONFERENCE:
“MODERN ASPECTS OF SPECIAL
EDUCATION AND REHABILITATION OF PERSONS WITH DISABILITIES”

 

Irena NOVACHESKA

Postgraduate student
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
Skopje, R. Macedonia

Примено: 27.11.2013
Прифатено: 28.11.2013
UDK: 376-056.26/.3(497.771)(062)

 

Recived: 27.11.2013
Accepted: 28.11.2013

 

 

 

Во периодот од 17 до 19 октомври 2013 година, во хотел Метропол во Охрид беше одржана Четвртата меѓународна конференција на тема Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност, во организација на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, кој прослави јубилејни 20 години од започнувањето на студиите по дефектологија. На Конференцијата учествуваа 135 учесници, меѓу кои значајни имиња од областа на специјалната едукација и рехабилитација, истакнати истражувачи, практичари, дефектолози и стручни соработници од земјата и од странство, како и значаен број на студенти и постдипломци.
Конференцијата беше отворена на 17 октомври од раководителката на Институтот за дефектологија проф. д-р Зора Јачова и претседателот на Организациониот одбор доц. д-р Зоран Киткањ. Свое обраќање до присутните имаше и деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Горан Ајдински, како и претставник од Министерството за образование и наука, раководителот на Одделот за високо образование г. Борче Алексов. По поздравните говори, своја изведба имаше оркестарот од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, по што следеа пленарните предавања на следниве предавачи:

  •         проф. д-р Љупчо Ајдински: Развој и состојба на системот за рехабилитација на лицата со инвалидност во Р. Македонија;
  •         доц. д-р Зоран Киткањ: Малолетничката деликвенција проблем на современото општество - состојба, реакција и предизвици;
  •         Лук Зелдeрлo, генерален секретар на EASPD, преку интернет - пренос во живо, зборуваше за перспективата на EASPD изнесени во неговата тема Инклузивно учење – перспективи и можности;
  •         Дејвид Прис: Ефектот од спроведување тренинг за позитивна бихејвиорална поддршка за родители на деца со аутизам и слични проблеми во однесувањето и
  •         проф. д-р Ристо Петров: Третман на лицата со интелектуална попреченост и здравствените последици за вработените.

По завршувањето на пленарните предавања, следеше доделувањето на плакети и благодарници од Институтот за дефектологија, за посебен придонес во формирањето и развојот на студиите по дефектологија, кои беа врачени од страна на раководителката на Институтот, проф. д-р Зора Јачова. Награди и сертификати беа доделени и од фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“, а истите беа врачени од проф. д-р Љупчо Ајдински.
Од вкупно пријавени 115 трудови, на конференцијата беа презентирани 67, поделени во четири категории: рехабилитација, едукација, квалитет на животот и нарушувања во однесувањето. Покрај претставници од земјата, во сесиите и дискусиите активно учествуваа и гостите од Србија, Црна Гора, Хрватска, Англија и Соединетите Американски Држави. Презентираните трудови ќе бидат објавени во Зборник на трудови, по завршувањето на конференцијата. Богатата и разновидна програма им овозможи на сите учесници да ги збогатат своите професионални знаења и искуства.
По одржувањето на двете работилници: Како автономната дисфункција води до когнитивни проблеми и влијае врз учењето од Грахам Евинг и Системски семеен пристап во работата со семејства со дете со попреченост од проф. д-р Марија Ралева и Лилјана Трпчевска, Конференцијата беше затворена од претседателот на Научниот одбор проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова. По затворањето на Конференцијата следуваше туристичко разгледување на Охрид.
Апстрактите од трудовите и галеријата на слики од Конференцијата можете да ги најдете на официјалната веб-страница: http://maser.fzf.ukim.edu.mk.

 

The Fourth International Conference with the main topic “Modern Aspects of Special Education and Rehabilitation of Persons with Disabilities” was held from 17th to 19th October, in the hotel “Metropol” in Ohrid. The conference was organized by the Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy in Skopje, which celebrated its anniversary “20 Years Studies of Special Education and Rehabilitation”. The conference was attended by 135 participants, including notable names in the field of special education and rehabilitation, prominent researchers, practitioners, special educators and professional associates from the country and abroad, as well as a significant number of students and postgraduates.
The conference was opened on 17th October by the Head of the Institute of Special Education and Rehabilitation, prof. Zora Jachova PhD, and the President of the Organizational board, doc. Zoran Kitkanj Phd. The Dean of the Faculty of Philosophy in Skopje, prof. Goran Ajdisnki Phd and a representative from the Ministry of Education and Science of the Republic of Macedonia, Head of the Department of Higher Education, Mr. Borche Aleksov welcomed the attendees. After the opening speeches, the orchestra from the State school for rehabilitation of children and youth with visual impairment “Dimitar Vlahov” had a performance. After that there were plenary lectures. The plenary lectures were held by the following lecturers:

  •         Prof. Ljupcho Ajdinski PhD, talked about “The development and state of the system for rehabilitation of persons with disabilities in the Republic of Macedonia”;
  •         Doc. Zoran Kitkanj PhD talked about “Juvenile delinquency problem in modern society - state, response and challenges”;
  •         Luk Zelderloo, general secretary of EASPD, through an internet live stream, presented the EASPD perspective on “Inclusive Learning: Challenges and Possibilities”;
  •         Dr. Davis Preece talked about “The effect of implementing training for positive behavioral support for parents of children with autism and related behaviors problems” and
  •         Prof. Risto Petrov PhD presented “The treatment of people with intellectual disability and health consequences for employers”.

After the plenary lectures, plaques and certificates of appreciation from the Institute of Special Education and Rehabilitation for outstanding contribution in the formation and development of the studies of special education were awarded. They were awarded by the Head of the Institute of Special Education and Rehabilitation, prof. Zora Jachova PhD. Awards and certificates were also awarded by the Foundation “Prof. Ljupcho Ajdinski” and they were delivered by prof. Ljupcho Ajdisnki PhD.
Of the total reported 115 papers, 67 were presented at the conference, divided into four categories: rehabilitation, education, quality of life and behavioral disorders. Besides representatives of the country, guests from Serbia, Montenegro, Croatia, England and the United States of America actively participated in the sessions and discussions. The presented papers will be published in the Book of papers after the conference. The rich and various program enabled participants to broaden their professional knowledge and experience.
AAfter the two workshops: “How autonomic dysfunction leads to cognitive problems and influences learning” by Graham Ewing and “Systematical family approach in work with families of child with disabilities” by Prof. Marija Raleva PhD and Liljana Trpchevska, the conference was closed by the President of the Scientific board Prof. Natasha Chichevska-Jovanova PhD. After the closing ceremony all the participants enjoyed in the touristic sightseeing of Ohrid.
The abstracts of papers and a gallery of photos from the conference can be found on the official website: http://maser.fzf.ukim.edu.mk.

 

 

 

 

 

Адреса за кореспонденција:
Ирена НОВАЧЕСКА
Втори август 5
7500 Прилеп, Р. Македонија
е-пошта: irena_novaceska@yahoo.com

 

Corresponding Address:
Irena NOVACHESKA
“Vtori Avgust” St., No.5
7500 Prilep, R. Macedonia
e-mail: irena_novaceska@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in