JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 2011
МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР НА
СТУДЕНТИ ПО СПЕЦИЈАЛНА
ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА
ЗЛАТИБОР 2013
Мануела КРЧАНОСКА
Студент на постдипломски студии
Филозофски факултет
Институт за дефектологијa
Скопје, Р. Македонија
|
|
INTERNATIONAL SEMINAR OF
STUDENTS IN SPECIAL EDUCATION
AND REHABILITATION "ZLATIBOR
2013"
Manuela KRCHANOSKA
Postgraduate student
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
Skopje, R. Makedonija
|
Примено: 06. 12. 2013
Прифатено: 07. 12. 2013
УДК 376-057.875(497.11)(062)
|
|
Recived: 06.12.2013 |
|
|
|
Во организација на Студентскиот парламент на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација – Белград, во периодот од 20 до 24 ноември се одржа семинар на студенти по специјална едукација и рехабилитација Златибор 2013.
Паралелно со овoј семинар се одвиваше и семинарот организиран од Студентскиот парламент на Високата здравственa школа – Белград.
На овој семинар учествуваа вкупно 287 студенти од балканските простори, кои беа сместени во Студентското одморалиште „Ратко Митровиќ“. Oд нив 146 беа студенти на специјална едукација и рехабилитација и тоа: 17 од Македонија, 14 од Босна и Херцеговина, 12 од Хрватска, 6 од Словенија и останатите од Србија.
Семинарот започна со свечено отворање од страна на претседателот на Студентскиот парламент на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација – Белград, Никола Ниќин, а продолжи со обраќањето на проф. д-р Владимир Трајковски. Предавaњата на студентите беа организирани во текот на три дена и тоа во претпладневна и попладневна сесија. Институтот за дефектологија од Македонија со своите презентации го претставија 6 студенти на додипломски студии и една студентка на постдипломски студии.
На 20 ноември презентираа Лазар Трифуновиќ и Воислав Досев, на тема: Ставовите на наставниците од Основното училиште „Дане Крапчев“од Скопје за инклузијата на учениците со посебни потреби. Истиот ден попладневната сесија ја отвори Мануела Крчаноска, која зборуваше на тема Пристап до јавните библиотеки за лица со инвалидност во Македонија, а по неа Ана Костадиновска и Гордана Благојевска презентираа на тема Анализа на психолошката основа на американскиот и македонскиот знаковен јазик. Истиот ден презентираше и Ема Доневска на тема Реакција на родителите по првото сознавање за потешкотиите во развојот. Вториот ден претпладневната сесија ја отвори Марија Димовска со презентација на тема Инклузија на деца со аутистичен спектар на нарушувања во редовните претшколски установи во Скопје. Беа презентирани голем број трудови од страна на студентите по специјална едукација и рехабилитација на различни теми, што придонесе за зголемување на знаењето и компетенциите кај идните дефектолози.
Семинарот беше збогатен со предавањата на д-р Кристина Давидовиќ и Марко Павловиќ, на тема Вештини на презентирање, а на истата тема се одржа и работилница која се покажа како повеќе од успешна. И на крај за впечатокот да биде уште посилен, проф. д-р Миленко Кундачина, ја презентираше својата тема, Академско пишување. За
час и половина колку што траеше неговото предавање, проф. Кундачина објасни како треба да се напише еден научен труд.
Семинарот свечено го затворија претседателот на Студентскиот парламент на Факултетот за специјална едуакција и рехабилитација од Белград, Никола Ниќин, претседателот на Студентскиот парламент на Вишата здравствена школа, Саво Папиќ, проф. д-р
Владимир Трајковски и по еден претставник од секоја земја, по што им беа доделени сертификати на сите учесници кои присуствуваа на предавањата или пак имаа свои излагања.
Организаторите на овој семинар се надеваат дека овој конгрес е само почеток и дека организирањето семинари од ваков тип ќепрерасне во традиција.
|
|
Organized by the Student Parliament of Faculty of Special Education and Rehabilitation, Belgrade, the Seminar of Students of Special Education and Rehabilitation "Zlatibor 2013" was held from November 20th to 24th. Parallel to this seminar, there was a seminar organized by the Students Parliament of Majeure
Medical School, Belgrade.
Enveloped in the beauty of Zlatibor, housed in the student resort "Ratko Mitrovic", this congress was attended by 287 students from the Balkans, of which 146 were students of special education and rehabilitation, 17 of them were from Macedonia, 14 from Bosnia and Herzegovina, 12 from Croatia, 6 from Slovenia and the rest were from Serbia.
Officially, the seminar was opened by the President of the Student Parliament of Faculty of Special Education and
Rehabilitation, Belgrade Nikola Nicin. After his introductory address, the speech was led by Prof. Vladimir Trajkovski, PhD.
The students’ presentations were organized throughout three days in morning sessions and afternoon sessions. Institute for Special Education and Rehabilitation of Macedonia was represented by six undergraduate
students and one postgraduate student.
On November 20th, Lazar Trifunovic and Voislav Dosev presented a topic: Attitudes of Primary School Teachers from "Dane Krapchev" in Skopje, on inclusion of students with special needs. During the same day, the
afternoon session was opened by Krchanoska Manuela, who spoke on topic Access in Public Libraries for Persons with Disabilities in Macedonia, and afterwards Ana Kostadinovska and Gordana Blagojevska presented the topic Analysis of the Pshyhological Base of American and Macedonian Sign Language. On the same day, Ema Donevska presented the topic: Reactions of the Parents at the First Announcement of the Developmental Disabilities of Their Child. On the second
day, morning session was opened by Marija Dimovska’s presentation on the topic: Inclusion of Children with Autistic Spectrum Disorders in the Regular Pre-school
Institutions in Skopje. Many papers written by students in special education and rehabilitation on various topics were presented there, which effected on increasing
of knowledge and competence in future educators.
The Seminar was enriched with the presentation held by Christina Davidovic, PhD and Marko Pavlovic that was entitled “Presentation Skills”. On the next day, the same subject was held as a workshop, which was really successful. Lastly, to make the impression even stronger, there was a presentation of Prof. Milenko Kundachina,
PhD, who talked of academic writing. In an hour and half as the course of his lecture, Professor Kundachina explained how to write a scientific paper.
Seminar was officially closed by the speech of the President of the Student Parliament of Faculty of Rehabilitation and Special education in Belgrade Nikola Nicin, president of the Student Parliament of Majeure Medical School, Savo Papic, Prof.Vladimir Trajkovski, PhD and representatives from each country. After their closing speeches all participants were awarded with certificates.
Organisational board of this congress hopes that this congress is just the beginning and that organizing congresses of this kind will become a tradition.
|
|
|
|
|
Адреса за кореспонденција: |
|
Corresponding Address: |
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE